21.06.2024

Измените на Законот за Енергетика кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ ќе спречат поскапување на струјата за најголем дел од домаќинствата, ќе работиме на поевтинување после јануари

На заминувањето на власта на СДСМ и ДУИ, се случува повторно ново поскапување на електричната енергија, со што директно се удира по стопанството и по буџетот на домаќинствата.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните и затоа поднесе Предлог закон за дополнување на законот за енергетика по скратена постапка, со кој ќе се спречи поскапувањето на цената на електричната енергија за најголем дел од домаќинствата сега на почетокот на јули.

Со оглед на тоа што универзалниот снабдувач од порано продолжува да ја врши истата услуга и во иднина, Регулаторна со измените треба само да му ја продолжи лиценцата, без да има дополнителни бирокартски процедури кои чинат пари и време и во исто време ќе се намали маржата од 11,5% на 9,9%. Овие промени но и оптимизацијата во работата на универзалниот снабдувач би ги заштитило граѓаните од поскапувања и со тоа дополнително загрозување на стандардот на граѓаните.

Овие мерки кои сега ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, пред формирањето на владата се во насока на заштита на интересите на граѓаните. По формирањето на владата ќе следи силна и посветена работа во областа на енергетиката, што би требало да резултира со намалување на цената на електричната енергија во следниот регулационен период од јануари 2025, како за домаќинството така и за стопанството.