Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе издавање на градежни дозволи без човечко влијание и ќе ја поврзе Македонија со нови автопати и експресни патишта.
Главен проблем при издавањето на градежните дозволи е човечкиот фактор и можноста за влијанија, работа која со СДС била извор на корупција и криминал. Корупцијата и криминалот во урбанизмот со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ завршуваат. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе софтверска алатка за дигитално вадење на градежни дозволи, со неа проектантите и институциите во процес на вадење на градежна дозвола ќе можат да го инсертираат самиот проект, односно цртежите кои се составен дел од тој проект, а оваа алатка да даде одговор на тоа дали проектот одговара урбанистичките основи, дали тој проект ќе може понатаму да се користи и конечно да може да се забрза процесот на давање на градежна дозвола, а се со цел зголемување на транспарентноста и намалување на корупцијата.
Истовремено владата ќе работи посветено на инфраструктурно поврзување со квалитетни автопати и експресни патишта. До крајот на 2026 година ќе го изградиме и пуштиме во употреба автопатот Кичево – Охрид, ќе го започнеме и завршиме првиот дел од автопатот Скопје – Блаце до крајот на оваа година и ќе го завршиме целиот пат до крајот на мандатот.
Владата на ВМРО – ДПМНЕ ќе направи се што е можно да го оптимизира веќе склучениот штетен договор со Бехтел и Енка, да ги минимизира сите трошоците за изградба на коридорите 8 и 10Д, т.е. автопатите, Тетово – Гостивар, делот од автопатот Гостивар – Букојчани према Кичево, Прилеп – Битола, Требеништа – Струга кон Ќафасан.
Се обврзуваме дека ќе започнеме со проектирање на автопат од Велес преку Чашка до Прилеп, како и изградба на експресните патишта Градско – Росоман – Прилеп и Ранковце – Крива Паланка. А со проектирање ќе се започне на експресниот пат Струмица – Ново Село и изградба на експресниот пат Битола – Меџитлија.
Македонија ја очекува инфраструктурна трансформација со ВМРО-ДПМНЕ.