Зечевиќ да им каже на луѓето од СДММ кои ги мести да држат пресови, дека Ковачевски има коалиција со Арсовска за матни зделки и тендери.
Провидна е стратегијата на СДС со прес конференциите во кои глумат опозиција на Арсовска, народ не им верува.
Скопјани ја видоа фотографијата на директорот на ЈСП во централниот штаб на СДС. Директорот на ЈСП е кадар на СДС поставен од Арсовска.
Токму директорот на ЈСП е тој кој што го потпишува тендерот од 27 милиони евра за набавка на гориво за потребите на тоа јавно претпријатие.
Јасна е коалицијата помеѓу Арсовска и СДС. Потврда за коалицијата е и тендерот од 27 милиони евра за набавка на гориво за ЈСП.
СДС и Арсовска се здружени во криминалот.
И додека тие профитираат, скопјани се без јавен превоз, а приватните превозници штрајкуваат.