Иако помина скоро недела дена од законскиот рок за исплата на плати здравствените работници се се уште без плати.
Во меѓувреме Фондот за здравство извести дека почнал да функционира системот, но делумно.
Неспособноста на надлежните од директори на јавните здравствени установи, преку директорите на Фондот за здравство па се до премиерот Ковачевски се гледа на дело.
Луѓето на СДС и ДУИ уште еднаш покажаа дека работат само за лични и партиски интереси.
Ниту еден функционер не мрда со прст за да се исплатат платите на здравствените работници.
Од нефункционирање на луѓето од СДС и ДУИ граѓаните се секојдневно оштетени и тоа сега им се ускратени и правата од областа на здравственото осигурување за кое плаќаат цел живот.
Неспособниот криминалец Ковачевски и неговата криминална екипа мора веднаш да заминат!