„Во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“ продолжуваме од едно со години запоставено село каде денес гледаме големи градежни зафати и активности. Односно ова запоставено село во велешката околина Сујаклари денес е една градежна зона каде истовремено се прават повеќе улици, едно детско игралиште и партерно уредување во центарот на селото“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“.
Тој додаде дека она што го забележале кај граѓаните е тоа дека тие имаат огромно задоволство поради работата на оваа локална власт, меѓутоа она што се однесува на централно ниво и понатаму ги тишти посебно во делот на земјоделието. Тоа е затоа што ова е претежно земјоделски крај.
„Со оглед на тоа дека до крајот на мај треба да се поднесат апликациите за субвенција се уште нема никаков оглас и тие се веќе загрижени и навистина не знаат дали ќе останат само на оние 30% ветени кои се загарантирани или пак ќе ги добијат сите како претходно“, кажа Здравковски.
Здравковски потенцираше дека веднаш по преземањето на централната власт ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати стариот модел на субвенции и сите локални жители ќе имаат предност во аплицирањето за добивање на земјиште во атарот на овие села.