Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски во рамки на кампањата „Ова е Македонија за сите“ денеска беше во посета на Водоврати, Ногаевци и Виничани каде се разговараше за граѓаните за нивните проблеми, граѓаните се во апатија и беше посочено дека потребна е нова власт која ќе донесе достоинство за сите.
Разговараме со жителите на овие населени места за овие проблеми и нудиме решенија, доколку сме во можност од локална самоуправа да помогнеме, но доколку проблемите се од централен карактер, сакаме тие проблеми да ги вметнеме во нашата програма за претстојните парламентарни избори, рече Здравковски.
Додаде дека граѓаните посочиле повеќе проблеми, пред се не се задоволни во здравството, земјоделието.
– Не се задоволни и од образованието, а како да бидат кога немаат учебници, меѓутоа, ние сме тука за да им дадеме надеж, да им кажеме дека може подобро и дека Македонија е за сите луѓе, а не само за одредени групи кои ја контролираат власта, а народот е доведен во безидејност и апатија. Сите заедно да се избориме, сите заедно сме дел од Македонија, сите заслужуваат ист третман и достоинствен живот, како и прогрес за нивните семејства, изјави Здравковски.
https://www.facebook.com/zdravkovskiigor/videos/1421899091945518/