05.06.2023

Здравковски: Во Велес сега се работи и гради без поддршка од централната власт, пратениците од СДС во собранието не бараат никакви средства за инвестирање

Велес од еден голем индустриски центар, развиен град, за жал во последните 10, 15 години гледаме дек постојано тоне и граѓаните некако многу тешко се соочуваат со тоа, и за жал имаме се поголемо иселување и без надежност. Но, днес гледаме дека може поинаку, со работа и труд може да се постигне целта која што сме ја зацртале, вели Игор Здравковски, пратеник во македонското собрание на денешната трибина во организација на партија, насловена „Развојни политики за стабилна економија“.

Здравковски истакна дека владата за џабе носи стратегии кога нема никаква реализација од тоа, укажувајќи дека Велес е заборавен од централната влада во делот на инвестирање.

Ние како држава мислам за џабе носиме стратегии. Носиме стратегии за финансирање, за образование, борба против корупција, но секогаш изостанува делот на реализацијата. За жал од во Република Македонија од економскси аспект или во однос на буџетирањето кое се носи како стратегија како буџет за одредена година, конкретно  сме 2023 година, или не носи некако импулсивно или за некакви договори и преговори. И секогаш Велес изостанува. Стратегиите кои што ги носат се погрешни затоа што имаме лошо планирање, имаме лош попис, лоша статистика бидејќи не ни ја покажува реалната слика каде треба да се инвестира. И од трета страна е најжалната страна, а  тоа е корупцијата и нивниот порив за крадење. Тие апсолутно имаат  многу поразличен пристап, но тоа им е професија , рече тој.

Здравковски додаде дека пратениците од СДС, а се од Велес воопшто  не се борат за нивните сограѓани да добијат некој средства без разлика дали е во делот на патна инфраструктура, образование или здравство.

Тие воопшто не сакаат да инвестираат во Велес, односно пробуваат да го казнат народот,. И пратениците од СДС од Велес не се борат за нивните сограѓани да добијат некакви средства за инвестирање без разлика дали е тоа во патна инфраструктура, образование или здравство, смета Здравковски.