20.02.2024

За разлика од СДС, кои кријат инциденти, ВМРО-ДПМНЕ нема селективност, законите важат за сите


За разлика од СДС, кои кријат инциденти, ВМРО-ДПМНЕ нема селективност, законите важат за сите.
Кога обезбедувањето на Заев тепаше луѓе, Спасовски го криеше инцидентот и се замолчуваа медиуми да не известуваат за настанот, наспроти тоа, сега има постапка и брза реакција.
Во време на СДС синот на заменик министерот во МВР, Буши, со приватно возило дивееше со флешери низ Скопје, како да се работи за полициско возило со предимство во минување, СДС со сите сили го криеше настанот.
Кога командир на полиција во Ропотово пукаше со автоматско оружје од тераса, СДС молчеше, а потребен беше притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и јавноста за да има реакција.
Стотици килограми марихуана се украдени од фабриките за марихуана, и нема одговорност.
Со СДС пукање по улици беше секојдневие, убиства кои останаа неразјаснети, насилство и безредие, СДС е партија чие второ име е криминал. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.