За пусти пари слугата на СДС Стевчо Јакимовски е подготвен на се.
Политичкото насилство на деспотот-градоначалник и слуга на СДС Стевче Јакимовски манифестирано на 37-та и 38-та Седница на Советот на општина Карпош во Новата година транферираше во насилство, притисок и создавање немир кај вработените во општинската администрација, училиштата и детските градинки.
Манипулациите и заканите дека вработените ќе останат без плати се последниот обид на Јакимовски да изврши притисок врз советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош да го изгласаат буџетот за 2024, а со тоа да ги спаси и остави во живот ДУП-овите и урбаната мафија која го разорува Карпош.
Но, и оваа лага многу скоро ќе биде прозрена. Има и постојат законски можности обврските кон вработените да бидат целосно, редовно и навремено исплатени.
Повторно бараме ИТНО свикување на Седница на Советот на општина Карпош за донесување одлука за времено финансирање на општината, сѐ до донесувањето на буџетот за 2024та година.