02.12.2023

За неспособниот Спасовски месечно плата од над 2500 евра, а за пензионерите само 1000 денари

После Димитар Ковачевски, највисока плата зема најнеспособниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски месечно за својата неспособност зема плата од над 153.000 денари, а власта на СДС и Ковачевски ќе им даваат само по 1000 денари на граѓаните во следните 7 месеци.

Додека на граѓаните им даваат помош од 1000 денари, Спасовски со покачувањето зема над 2500 евра плата, или секој работен ден за 50 евра повеќе.

Сите од владата како папагали повторуваат дека со овие 1000 денари ќе се заштити животниот стандард на пензионерите, а всушност ова е само уште еден обид за предизборен поткуп.

1000 денари не се доволни за еден ден, а не пак за цел месец.

Ако Ковачевски мисли дека со 1000 денари ќе купи нечии глас, тогаш се лаже.

Спасовски ќе остане запаметен како најнеуспешниот министер во историјата на МВР.

Само за потсетување:

Во мандат на Спасовски се случија пет мафијашки престрелки, низ трговски центри, кафичи, улици, а се уште нема ниту еден приведен.

Во мандат на Спасовски се доделија 215 македонски пасоши на белосветски нарко босови.

Во мандат на Спасовски има дојави за бомби во училишта, станбени згради, државни институции, а до ден денешен нема ништо од истрагата.

Во мандат на Спасовски сред бел ден деца и граѓани исчезнуваат.

Во мандат на Спасовски командири на полициски станици пукаат на семејни прослави и се фалат на социјалните мрежи.

Во мандат на Спасовски осудени убијци бегаат од затвори, криминалот царува, а мафијашите владеат.

Со вакви катастрофални мерки, владата на СДС и Ковачевски сакаат да го озакони криминалот.

Пензионерите се достоинствени и имаат право на достоинствени пензии, а не на вакво потценување од 1000 денари.

За тоа мора СДС и Ковачевски да заминат час поскоро.