28.02.2023

За негативните напади кон себе, Ковачевски нека си провери во својот двор, и да ја запре клеветите и лагите кон претседателот Мицкоски

За негативните напади кон себе, Ковачевски нека си провери во својот двор, и да ја запре клеветите и лагите кон претседателот Мицкоски.

Ковачевски од ден во ден го покажува својот примитивен однос, тој го гледаме и во собранието кон пратениците и на прес конференциите кон новинарите и кон народот воопшто. Тоа што Ковачевски е нервозен за нападите кон него кои му доаѓаат од неговиот табор не значи дека мора да ги малтретира граѓаните со изливи на шовинизам на јавна сцена.

Во исто време додека зборува за етичност Ковачевски дава насоки за напаѓање на претседателот Мицкоски со најбрутални лаги и манипулации.

Негативната кампања на Ковачевски има за цел омаловажување и навредување на претседателот Мицкоски и неговото семејство со лаги и измислици.

Ковачевски нема кредибилитет да зборува за чести и етика, кога народот јавно го гледа како се однесува.

Ковачевски и СДС секој ден се повеќе тонат во калта која сами ја создадоа.