05.09.2022

Економијата со власта на антимакедонската СДС оди кон колапс- најмал раст, најголема инфлација, четвртина од фирмите не платиле јулска плата

Економијата со владата на Ковачевски пропаѓа, а таа со мал прст не мрдува да им помогне на граѓаните и фирмите.
Македонија има најмал раст на БДП во вториот квартал од 2022 година споредена со сите земји од регионот.
Македонија има меѓу највисоките стапки на инфлација во Европа во месец јули од цели 16%.Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во Европа, споредено со висината на платата.
Според ЕУРОСТАТ македонските стопанственици плаќаат најскапа цена на струја споредено со компаниите во другите земји од регионот.
Скоро една четвртина од компаниите во Македонија немаат исплатено јулски плати.Во месец јули индустриското производство има бележи пад од 5% во споредба со истиот месец минатата година која исто така беше катастрофална.
Со еден збор власта на антимакедонската СДС ја води државата кон тотален колапс.