06.08.2022

Економијата и стандардот тонат, ситите функционери од СДСМ не го веруваат гладниот народ

Поради неспособноста и неодговорноста на власта на СДСМ и Ковачевски македонската економија пропаѓа.

Растот на економијата во првиот квартал од 2022 година е двојно понизок во споредба со Србија и Косово и речиси три пати помал во споредба со Албанија. Овој тренд за жал трае неколку години што покажува колку лоши економски политики води власта. Ако на ова се додаде една од најголемите стапки на инфлација, тогаш добиваме целосна слика за катастрофалната економска состојба. Основните животни потреби како лебот и маслото за јадење се поскапени и за 100%.
Поради криминалот и корупцијата на власта на СДСМ и Ковачевски, Македонија една од најкорумпираните држави во Европа, која ја избегнуваат странските инвестиции во широк лак. Околу половина милион жители живеат во сиромаштија со само 150 денари на ден, а само во првиот квартал од оваа година затворени се 4.000 компании.

Додека народот едвај врзува крај со крај со скапотијата и падот на стандардот, власта од друга страна се луксузира со златни чинии, цвеќиња, хотелски услуги, нови службени возила или пак мести тендери и јавни набавки преку кои полни приватни џебови.
Ова е вистинската слика за македонската економија која СДСМ ја крие. Ситите функционери во СДСМ не го веруваат гладниот народ. Тоа мора да заврши. Порано или покасно власта на СДСМ ќе мора да се соочи со народот и тогаш ќе им биде испорачана сметката за ова ненародно владеење.