28.11.2022

Еклатантно неспособната Арсовска да не дефокусира со лаги за јазикот, јавноста очекува решенија за јавниот превоз

Почитувани,

Додека јавноста очекува решенија на Градот за јавниот превоз, еклатантно неспособната Арсовска го принудува директорот на „Паркови и зеленило“ да чита текстови напишани од консултантите на Град Скопје најмени за 4 милиони денари.

ВМРО-ДПМНЕ нема да се занимава со невистини и лаги пласирани од неспособната Арсовска.

Јавноста денес очекува одговори зошто нема навремен и комплетен јавен превоз?

И второ, Арсовска треба да одговори што се договорила на тајната средба со премиерот Ковачевски, на која присуствувал и Стевчо Јакимовски.