26.05.2023

Единствен стратешки интерес на владата на СДС и ДУИ е криминалот, а не изградбата на коридорите 8 и 10д

Владата на СДС и ДУИ го девалвира собранието и го користи за одобрување на криминалот и корупцијата.

Владејачкото мнозинство на СДС и ДУИ денеска со злоупотреба на европското знаменце и гласање на измените на седум закони повторно покажа дека работи на штета на граѓаните.

Со гласање на измените на Законот за работни односи, Законот за експропријација, Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, пратениците на владејачкото мнозинство и коалицијата станаа директни учесници во криминалот и корупцијата на владата на СДС и ДУИ.

СДС и ДУИ работата само на штета на граѓаните. СДС и ДУИ се крајно безобразно и свесно се впушта во историски криминал.

Денеска цела јавност виде дека кога станува збор за криминал владата на СДС и ДУИ поддржана од цело владино мнозинство е спремна на се.

Стратешки интерес на владата на СДС и ДУИ е исклучиво криминалот, провизиите, тендерите и милионските бизниси, а не изградба на коридорите 8 и 10д.

Многу брзо од денес доаѓа казната од граѓаните, а потоа и одговорност.