Единствени кои што има бизнис интереси во град Скопје се тандемот Тачела (Ковачевски и Арсовска).
Еден од стожерите на тандемот Тачела и коалицијата на неврзаните (СДС, Левица и ДУИ) е и договорот за набавка на гориво за ЈСП од енормни 27 милиони евра. Без попуст од 6 денари, како што до сега било пракса. Овој договор го потпишува Алексансар Стојковски, директор на ЈСП, кадар на СДС, назначен од Арсовска. И само од овој договор, заради немањето попуст буџетот на претпријатието е оштетен 1.4 милиони евра.
Доколку во договор за набавка на горивото кој ЈСП го склучува со Пуцко Петрол имаше попуст од 6 денари, ќе имаше пари за приватните превозници.
ЈСП е под целосна контрола на СДС. И договорот за набавка на гориво е дел од договорот за коалиција помеѓу Ковачевски и Арсовска.
Арсовска и СДС треба да одговорат дали го прават целиот хаос во градот, за наместо приватните превозници, превозот да го земе бугарска фирма?
Дали целиот хаос е намерно креиран за да се преземе превозот од приватните превозници и да се даде на некој по мерка на Арсовска?
Дали скопјани се жртва на нечии бизнис интереси?