Молкот нема да ја спаси власта на ДУИ и СДС, од одговорноста пред јавноста, за тоа што Македонија ја уортачија, со бугарската мафија, каде овој септември дадоа 3 лиценци за нови онлајн казина во Македонија, на лица кои се познати на законот во Бугарија.
По одлуката на владата со потпис на Артан Груби, Лотарија, каде директор е шефот на кабинет на Артан Груби, Перпарим Бајрами, веднаш објавува оглас, со кој е практично направен фоторобот, на фирмата која треба да го добие истиот.
Васил Бошков, Черепот, е на чело на 8888.бг, позната како онлајн казино, коцкарница на бугарското подземје, а тој според Блумберг, е во домашен притвор во Бугарија и е опишан како коцкарски могул и олигарх поврзан со подземјето.
Клон на оваа фирма е онлајн коцкарницата 7777.бг, водена од истите луѓе, истата платформа, истата структура, само друга страница на 8888.бг.
Додека граѓаните во Македонија, секојдневно се борат за да преживеат, додека за болните нема лекови и инфлацијата го јаде стандардот на народот, ДУИ и СДС ги користат и последните месеци на власт, за да приграбат што повеќе милиони за себе.