02.11.2023

До ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа документи кои ја покажуваат целата монструозност на скандалот со Онкологија – Дали МВР и ОЈО се обидуваат да спроведат операција „кабелот е крив“ и на Онкологија?

Анкетната Комисија о собранието на виделина ги извади сите аспекти на грозоморниот скандал со клиниката за Онкологија. На оваа клиника најтешките пациенти се соочувале со хорор, недостаток на термини, недостаток на терапија, продажба на терапијата на црно, злоупотреби и низа на пропусти кои ги нотирале дури и ревизорските извештаи.

Овие проблеми траеле со месеци па дури и две години наназад и за истото беше говорено во јавноста, но надлежните институции ништо не преземале туку дозволувале некој на грбот на најтешко болните да прави бизнис.

Впрочем ако видиме како  пред Анкетната комисија во Собранието дрско и индолентно одговараа поранешниот директор и поранешниот министер Филипче за овој скандал, тогаш се добива целосната слика како овие кадри се интересирале и што преземале за целиот случај.

Скандалот на Онкологија е најгрозоморниот и најмонструозниот скандал кој се случил во Македонија.

До ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа мноштво нови сведоштва, сознанија и документи кои најавуваат дека овој епски скандал се случувал и во текот на 2023 година, односно со месеци и години откако јавноста била алармирана, што го прави уште помонструозен.

 МВР и Обвинителството со месеци молчеле и дозволиле десетици и стотици пациенти да бидат жртви. Всушност овие институции и веќе два месеци молчат, откако направија увид во клиниката, и после два месеци нема никаква реакција ниту поднесок. Веројатно во органите на прогонот во тек е операција „продолжниот кабел е виновен“ и за овој случај на Онкологија.