Добро е што Пендаровски призна дека уставни измени не се можни, а добро е и да и сугерира на власта да излезе на избори.Со признанието на Пендаровски стана јасно дека СДС и ДУИ се свесни дека уставни измени нема да има, и дека ја замајуваат јавноста само за да нема избори.Пендаровски призна и дека власта освен за промена на устав, друго и не работела.Во однос на кривичниот законик Пендаровски уште еднаш покажа дека морал да потпише тоа што му кажале Ковачевски и Ахмети, па како и се до сега Пендаровски има свој став, се додека поинаку не му наложат Ковачевски и Ахмети.Жално е да се гледа Пендаровски кој всушност е носител на позицијата Претседател на Македонија, како талка во ставовите. Очигледно е дека одамна ниту на Водно, ниту на Илинденска нема капетан на бродот.