24.08.2022

ДКСК треба да испита дали Зеќир гласа како СДСМ ќе му каже, а Спасовски му ги вработува најблиските во МВР

Зеќир Рамчиловиќ треба да одговори дали од позиција на пратеник на СДСМ, издејствуивал членови на неговото семејство да добијат две вработувања во МВР во рок од 3 години?! 
Дали овие вработувања на сопругата и синот се резултат на неговото гласање за промена на името и на бугаризацијата? 
Како тоа во услови на илјадници други невработени лица, токму неговата сопруга и неговиот син биле најкомпетентни за овие вработувања во МВР?
Во услови кога огромен број Бошњаци во Македонија, но и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми и останати едвај врзуваат крај со крај, за семејството на Рамчиловиќ нема зима.
 Тој добива народни пари како пратеник, а тие добиваат народни пари како нововработени во МВР. Изгледа рецептот е “Зеќир гласа како СДСМ ќе му каже, а Спасовски вработува негови најблиски“. ДКСК треба да се позанимава со овој случај и да поведе истрага. Овде постои основано сомнение за злоупотреби и влијание.