ДКСК да каже зошто не покренале постапка за Ковачевски за судир на интереси додека исплаќал пари на фирма основана од него.
Дезертерот Ковачевски како заменик министер за финансии, бил одговорно лице во институцијата, додека од него основаната Пиксел груп земала државна помош.
Во над 12 исплати се префрлени скоро половина милион евра помош од државата на Пиксел груп, половина од времето додека се вршени исплатите Ковачевски е или заменик министер за финансии или мандатар за состав на влада.
ДКСК да отвори постапка и да утврди судир на интереси, фактите се јавни и достапни.
Обидот на ДКСК да го амнестира Ковачевски не помина. Одговорност мора да има.