15.02.2023

Димитриеска Кочоска: СДС ја остави државата без пари, раскол во владата, откажана е еврообврзницата затоа што министерот за правда кој е во оставка не сака да потпише

Откажана е еврообврзницата од 600 милиони евра, а причина за ова е смената на Министерот за правда кој што не сакал да потпише и без негов потпис понатаму не може да се движи постапката
Ова е најголем доказ дека и во владата има голем раскол и дека нема капетан на бродот.
Како можевте да дозволите ваков срам на државата и да ја оставите без пари?
Кој ќе сноси одговорност за ваков непромислен потег?
Дали намерно ја втурнувате државата во банкрот?
Докторите немаат земено плата а изговор ви е дека ги чекате парите од еврообврзницата. Повеќе од јасно е дека тие пари нема да ги добиеме.
Оставка на цела влада веднаш!

https://www.facebook.com/100063689350906/posts/pfbid02qt5uZHbnRFTs3r5n2vcJpD8x6r2ZDRz7kShj1smTSXevsRCxXdTmxnw3VrtT7MPul/?mibextid=Nif5oz