17.08.2022

Димитриеска Кочоска: СДСМ покажа дека нема двотретинско мнозинство за уставни измени, се плашат затоа што откако нема да им поминат уставните измени ќе треба да има избори на кои ќе изгубат

Одбивањето на предлогот на претседателот Мицкоски,  а тоа е под итно да се свика Собрание и да се стават на гласање уставните измени повеќе од јасно кажува дека СДСМ нема мнозинство и токму од таа причина избегнува да го свика собранието и да ја стави точката на гласање, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на општина Маврово – Ростуше.   

Таа истакна дека власта одбива затоа што немаат мнозинство, и се гледа тоа што не ја ставаат точката на гласање, но и по тоа дека се плашат од избори после кои ќе треба да си заминат од власт.   

– Премиерот се плаши затоа што знае дека доколку го стави предлогот на гласање и не помине, следното што треба да го направи е да се распушти парламентот и да побара парламентарни избори, а повеќе од јасно му е дека народот ќе гласа против и ќе треба да си заминат. Од таа причина го одбија предлогот на претседателот Мицкоски, потенцираше Димитриеска Кочоска.