14.11.2022

Димитар Ковачевски е дезертер кој во заложништво ја држи целата држава

Димитар Ковачевски е дезертер кој во заложништво ја држи целата држава.

Ковачевски е само еден мал пиун во рацете на една мала клапа на луѓе предводена од криминалецот Зоран Заев.

Ковачевски е човек кој е исплашен и изгубен од реалноста, исполнет со гнев и омраза.

Доколку дезертерот Ковачевски е сигурен дека има 80 пратеници за уставни измени, веднаш да го свика Собранието.

Свесен е дека нема двотретинско мнозинство за уставни измени и дека секојдневно ја губи поддршката од граѓаните.

Нека не се плаши клептоманот Ковачевски и нека го распушти Собранието и да го види револтот и гневот на народот за сите антидржавни политики, сите распродавања на националните интереси, како и за катастрофалните економски политики.

Со почит,