19.09.2022

Дезертерот Ковачевски молчи за скандалот со избегнување на служење на воен рок, денес ќе објавиме документи за неговата трајна неспособност

Цел ден молк од страна на дезертерот Димитар Ковачевски за скандалот, каде што тој свесно го избегнал служењето на воениот рок и дезертирал.

Дезертерот Ковачевски за да ја избегне законската обврска во 2001 година за служење во војската на Републка Македонија, навел како причина за бегството од служење воен рок дека е трајно неспособен.
Побегал од служење на воен рок, и не се јавил на отслужувување воен рок и не се пријавил во 2001 години иако бил повикан.

Зошто молчи дезертерот Ковачевски и не одговара на прашањата, дали е трајно неспособна личност или ги излажал институциите за да избегне служење на воен рок.

Димитар Ковачевски е дезертер кој сега ја води државата од функција премиер на владата. Трајно неспособна личност, како Ковачевски не смее да ја води државата.

Дезертерот Ковачевски доколку е навистина трајно неспособен треба веднаш да си даде оставка и да замине од премиерската функција.
Дали неговата неспособност е причината за сите понижувања кои и ги прави на државата изминативе неколку месеци.
Бидејќи дезертерот Димитар Ковачевски се крие и не сака да ја каже причината за неговото дезертерство, денес на јавноста ќе им ги презентираме сите документи за овој скандал. Документи каде што укажуваат за неговата трајна неспособност.