30.07.2022

Дали најавената помош за економијата ќе ја добијат тендер милениците на СДСМ, а народот повторно ќе извиси?!

Дали најавената помош за економијата ќе ја добијат тендер милениците на СДСМ, а народот повторно ќе извиси?!

Дали помошта со која се фали СДСМ повторно ќе заврши на сметките на неколку фирми блиски до нив, кои се и редовни добитници на државните тендери, или сега има нов клуч на распределба на пари на нивни блиски фирми?

Во изминативе години се повеќе фирми ставаат клуч на врата, а функционираат само неколку миленици на власта.

Или можеби помош ќе добијат вечните должници на УЈП од семејството Заеви, за кои не важат законите и покрај долгови за неплатен данок функционираат и работат, за разлика од фирмите на граѓаните кои не смеат да си дозволат ниту еден ден доцнење.

Видовме колку СДСМ се грижи за економијата. И фирмите и граѓаните плаќаат скапа струја, скапо парно и немаат достап до евтин енергенс.

Инфлацијата го јаде стандардот, а реални мерки нема ниту на повидок.