17.01.2023

Дали власта на Ковачевски свесно дозволува криминалците да хараат и да бегаат од затворите? – Македонија се претвори во сцена од крими филм

Со власта на СДС и ДУИ македонската реалност се претвори во крими филм. Последниот скандал со бегството на затвореникот од затворот Идризово покажува дека се случува распад и на затворскиот систем во државата. Овој случај само покажа дека и во овој сектор администрација е наполнета со партиски војници на криминалните партнери СДС и ДУИ и затоа се случуваат вакви бегства.

Токму командирот на смена во Идризово, Срѓан „со шефот до крај“ Димитриевски и затворскиот полицаец Идриз Асани, двајцата одговорни во моментот на бегството, се истакнати членови на СДС и ДУИ и блиски до високи функционери на власта. Ова отвора многу прашања на кои Ковачевски и Зечевиќ избегнуваат да дадат одговор. Како е можно лице кое е фатено во дело поткуп да биде Командир на смена во затвор? Дали некој земал поткуп и му помогнал на затвореникот да избега? Дали освен овие вработени во затворската администрација и власта има и покрупни риби кои треба да одговараат за бегството?

Дали Ковачевски, Зечевиќ и власта на СДС и ДУИ свесно дозволува да се загрозува безбедноста во Македонија, овозможувајќи криминалот да хара по улиците, а затворениците да бегаат од затворите?

Корупцијата на власта на СДС и ДУИ е опасност за Македонија. Изборите се неопходни час поскоро.