17.04.2023

Груби и Ковачевски да го објават договорот и да не го кријат криминалот за коридорите – не може да има тајни договори за народни пари

Власта на Груби и Ковачевски да го откријат договорот за изградбата на коридорите и да го покажат пред јавноста. Не може да има тајни клазули кога се работи за тешки милиони народни пари. Криењето на договорот значи само едно, криминалното дуо Груби-Ковачевски има направено штета на граѓаните и на државата.

Да немаше ништо контроверзно и криминално во договорот Груби и Ковачевски досега ќе го објавеа. Наместо да се грижат за интересите на граѓаните и Македонија, тие ги прифатиле сите позиции на приватна компанија и на тој начин го штителе нејзиониот интерес. Имено тие според догвоорот кој не сакаат да го објават, презеле обврски кон компанијата да изменуваат закони, меѓу кои и законот а работни односи.

Крими тандемот Груби-Ковачевски се обврзал да го промени овој закон, а во спротивно ако не го направи треба да бидат исплатени 53 милиони евра еднократно и дополнителни 2,1 милион евра секој месец додека трае изградбата, која патем би била пролонгирана.

Вкупната штета која Ковачевски и Груби се нафатиле да ја исплатат со народни пари според одредбите од договорот е околу 200 милиони евра.  Секоја приватна компанија сака да го максимализира профитот, а секоја Влада треба да го штити интересот на народот и државните финансии. З жал тоа не е случај со оваа власт на Ковачевски и Груби. Тие одат против Уставот, против Уставниот суд, против законите, против граѓаните, против се, само на сила да го направат тоа што го намислиле на грбот и преку џебот на народот. За ова мора и ќе одговараат.