22.02.2023

Груби е прочитан како буквар, институциите да истражат како неговата семејна фирма со 4 години по ред загуба купила имот од пола милион евра

Нервозата кај Артан Груби станува се поочигледна после секој аргумент кој покажува дека неговие блиски луѓе трупаат енормно богатство во време кога сите граѓани осиромашуваат. Веќе не поминува неговата реторика и етикетирање. Фактите ги гледаат и Албанците и Македонците и сите останати. Артан Груби е прочитан како буквар.
Груби треба да одговори како туристичката агенција во сопственост на неговиот брат ЕТЦ Травел се секнала со луксузен имот на улица Македонија со површина од 127м2 со вредност од околу половина милион евра, кога истата таа фирма според податоците на Централниот регистар 4 години по ред работела со загуби.

Како може ваква несолвентна фирма да земе толку голем кредит кога има пад на приходи од 73%?
Дали Артан Груби ја користел својата позиција во Владата да и овозможи повластици на семејната фирма? Како фирмата на Груби стекнува толкав луксузен имот во време кога илјадници други компании ставаа клуч на врата.
Дека Ковачевски со денови се крие и не смее да изусти ни збор, тоа е веќе очигледно. Затоа не го повикуваме него да го разреши Груби после овој скандал. Ги повикуваме ДКСК и ЈО да отворат случај за богатењето на семејството Груби, да го истражат овој имот но и другите скандали поврзани со заменикот на Ковачевски. Европските вредности подразбираат чесност и отчетност, но и владеење на правото. Еве им прилика на институциите да се покажат на дело.