Во интерес на граѓаните и државата претседателот Христијан Мицкоски во овој клучен момент подава рака за подготовка на стратегија за развој до 2050 година.
Ова е идеја за обединување, идеја која води кон стратегија во чија изработка ќе учествуваат сите општествени чинители.
На СДС му се дава шанса конечно да почне да работи во интерес на граѓаните и државата.
Воедно СДС како да заборава дека граѓаните јасно рекоа НЕ на политиките кои ги водеше владата предводена од нив.
Граѓаните ставија крај на аздисаноста на СДС и на поединци од партијата чија единствена водилка е личниот интерес.
Оттука на СДС како партија даваме можност да се издигне и да одговори на ситуацијата која како никогаш до сега не барала единствено и заеднички ставови.
Сите без исклучок сме за ЕУ, но ајде сите заедно со заеднички политики кои нема да се на штета на граѓаните и државата да станеме дел од Унијата.
На потег е СДС, доста е од дневна политика, време е да тргнеме напред како држава!