21.05.2023

Граѓаните не се предаваат на очајот од власта, заедно со народот направивме стратегија за идно делување и промена на власта

При денешната посета на населени места во рамки на теренската активност „Ова е Македонија за сите“ градоначалникот на Битола, Тони Коњановски го посети Пелагонискиот регион, а генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски населените места Просојница и Скудриње каде што во директна комуникација зборуваа за проблемите и тешката економска состојба во која се наоѓаат граѓаните.

„Денес сме во вашиот регион Долно и Горно Агларци ги посетивме, Делбеговци денес е пред нас и понатаму продолжуваме со тимот 15 крстариме во овој дел од Пелагонија, дојдовме да го слушниме вашиот глас, вашите маки вашите проблеми овде како од локална природа така и од централна меѓутоа и да дадеме надеж. Да ви дадеме надеж дека сето овa разобличување и сета оваа мака која сите ја живееме заедно наскоро ќе и се види крајот. ВМРО-ДПМНЕ е партијата која од секогаш била со својот народ, која ги штити националните интереси, дали се работи за распродавање на националниот идентитет, разобличувањето на државата дали во зачувувањето на економското распаѓање кое го чувствуваме сите по сите основи, по сите шавови на државата. Тука сме да дадеме поддршка да ви кажеме дека заедно сме сите скоро, повторно ќе застанеме сите во обновата на земјата. Ќе треба помош од секој поединец, од секој граѓанин од ова плодно парче на Пелагонија, парче кое еве се движиме тука, меѓутоа од земјоделието нешто многу и не видовме. За жал, вие тука сте сите да кажете, да ги споредите работите, меѓутоа велам значајно е тоа дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги земи работите во свои раце, дека едноставно надежтта ќе се врати и насмевката повторно во овој регион. Пелагонија е таква земја овде почвата раѓа, ни требаат луѓе ни треба централна власт, ни требаат луѓе кои знаат со земјоделието, знаат да управуваат со државата знаат да ги штитат националните интереси. Она што денес го чувствувам е велам по сите основи ова е разнебитување ова е арамилак, кој го гледаме секаде околу нас, наскоро ќе биде крајот, затоа надеж, главата горе, и ќе продолжиме сите заедно“, нагласи Коњановски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски при посетата на населените места Присојница и Скудриње истакна дека граѓаните не се предаваат и заедно со народот направена е стратегија за идно делување и обнова.

„Прекрасните места Присојница и Скудриње со уште подобри луѓе кои не му се предаваат на очајот од власта.Договоривме стратегија за идно делување, план за изградба и обнова на овој регион. Имаме силна поддршка за смена на оваа власт“, истакна Сајкоски.