Град Скопје е заглавен заради неспособноста на коалицијата Арсовска – СДС.
ЈСП беше блокирано заради неспособноста на Арсовска, но и затоа што град Скопје под нејзина управа му должи пари на претпријатието, а пари должи и владата. ЈСП е спасено по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ.
Иста е и ситуацијата со ЈП Улици и патишта, претпријатие на кое Арсовска должи 1 милион евра.
Арсовска ја напушти програмата за модерно Скопје и се сврти кон коалиција со СДС, резултатот од тоа е повеќе од очигледен. Градот тоне веќе месец дена.
Градот Скопје под Арсовска има пари за мерење на рејтинг и пи-ар кампањи, а нема пари за проекти.
Арсовска работи под диктат на СДС, а тоа се гледа и по именувањето на директорот на ЈСП, кој е кадар на СДС, и за кој излегоа фотографии во јавноста од состаноци во штабот на СДС. Токму тој директор е предвесник на полутајната коалиција СДС – Арсовска.
И затоа Арсовска молчи за долговите на власта кон претпријатијата основани од град Скопје. И затоа нема ништо ниту за долгот на Клинички центар кон ЈП Водовод во износ од 2 милиони евра.