Градоначалниците од СДС немаат отчет, затоа што една година им помина во криминал и неработа.
Една општина каде градоначалникот е од редовите на СДС, немаше отчет. Нема отчет во Центар, Струмица, Валандово, Дојран, Пробиштип.
Ниту еден од градоначалниците од СДС нема со што да се пофали.
За разлика од СДС, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат инвестирано над 120 милиони евра во проекти за само една година, тоа е безмалку исто колку што владата потрошила на проекти.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ акцент стваат на инфраструктурата, образованието, спротот и културата. Не се заборавени ниту социјално ранливите категории.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат за доброто на сите во своите општини.
Разликата ја гледа народот. Додека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се помеѓу народот и ги решаваат нивните проблеми, тие од СДС се затворени во своите кабинети.