Жалосно е што градоначалниците од СДС и по повеќе од една година немаат отчет и немаат сработено проекти за подобрување на животот на граѓаните. Жалосно е и што на СДС им смета работа па шират лаги против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ зад кои стојат големи проекти и кои не се кријат од граѓаните како градоначалниците од СДС.
Тоа е така затоа што градоначалниците од СДС единствено со што можат да се пофалат се криминали и матни зделки.
Како доказ за тоа е и примерот со градоначалникот на Центар, каде се продаде земјиште во строг центар за само 7 евра за метар квадратен. Земјиштето спроти Нова Македонија е продадено по мизерна цена од 7 евра, а вообичаено цените одат и над 2000 евра за метар квадратен.
Таков пример има и во Берово каде хотелски комплекс ќе гради мајката на Стефан Богоев кој со години е функционер на СДС. Но затоа, неговото семејство купува имот во општина каде власт е СДС со маркица за градба на хотел.
Впрочем СДС само така знае и да работи, како на централно така и на локално ниво, па затоа откако направија коалиција со Данела Арсовска веднаш се фрлија во криминални зделки. Директорот на СДС во ЈСП кој го постави Арсовска на ЈСП потпиша договор за набавка на гориво од 27 милиони евра без рабат.
А што се однесува за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, тие се постојано помеѓу граѓаните и ги решаваат нивните проблеми, а за нивната работа сведочат отчетите и над 120 милиони евра инвестирани во училиштата, улиците, булеварите, градинки и останати проекти.