08.10.2022

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за една година направија повеќе од нивните претходници од СДС за 4 години

Власта на СДС со опозициски пресови, сака да ја покрие нивната неспособност и криминал на централно ниво. Тие само шират невистини и лаги, надевајќи се дека  граѓаните нема да сведочат за криминалната СДС.

Еден таков криминал кој што СДС сака да покрие е аферата „Броило“, каде во центарот на картелот е фатен Ковачевски, а тоа е афера тешка 26 милиони евра.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за една година направија повеќе од нивните претходници од СДС за 4 години.

Нема општина каде градоначалник е од ВМРО-ДПМНЕ, а да нема реализирано десетици инфраструктурни проекти.

Голем број административни бариери се тргнати, и општините се направени по достапни за граѓаните.

Локалната самоуправа е сервис за граѓаните, а не како претходно за мафијата.

СДС тагува затоа што не можат да прават криминал и да си ги довршат криминалните зделки кои ги почнаа.

ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, и нема ден кога не се отвораат или пуштаат во употреба нови проекти.

И додека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат, власта на секој начин опструира.