27.12.2022

Глупавите прес конференции на СДС не ги перат од тоа што се партија осудена за клевета, и од фактот што дезертерот Ковачевски прави отворена бугаризација, промена на Устав и продажба на историјата

Почитувани,

Две работи се сигурни. СДС е партија која беше од нивниот политизиран суд осудена за клеветење на Мицкоски, ширејќи лаги и дезинформации.

Второ, СДС и Ковачевски се главни промотори на бугаризацијата на Македоника, туркајќи уставни измени под бугарски диктат, преговара за промена на историјата, и дозволува отворање на срамни бугарски клубови.

Што се однесува до град Скопје, власт во градот е СДС, Левица и ДУИ. Ако Арсовска со Ковачевски тајно се среќава, таа денес јавно ги фали ДУИ и Левица.

Одговорите на дилемите кои ги имаат за ЈСП одговори да си побараат од нивниот директор на ЈСП кој е член на СДС.

А особено одговори да побараат за скандалозната и милионска набавка на нафта од фирмата на пратеникот на власта. Директорот на ЈСП Александар Стојковски го склучува договорот за набавка на гориво вреден 27 милиони евра, без вообичаениот рабат. Директорот на ЈСП, кадар на СДС со тоа го оштетува буџетот на претпријатието за околу 1.5 милиони евра.

Матрицата на СДС е иста, и во ЈСП и во сите други државни и јавни претпријатија или институции управувани од нив.

Со СДС државата има само проблеми.

СДС лаже, манипулира и клевети за да краде.