Почитувани,
Само во Македонија мафијата си има своја држава, затоа што има судство кое СДС го отвори како пупка.
Раководствата на судството и обвинителството 6 години е под јеремот и партискиот чекан на СДС и ДУИ.
Во Македонија челните луѓе на судството даваат оставка на свирка од партиските штабови на Бихаќа и Речица и затоа имаме неказнет криминал.
Што стана со туцето на пари мито на Ден Дончев? До каде е случајот со софтверот на Драги Рашкоски? Поради кои политички монтирани случаи е наградена Добрила Кацарска?
Како тоа во Македонија ниту еден голем криминалец не лежи во затвор? Како тоа се застаруваат случаи во фиока додека невини има по затворите.
Нема оправдувања. Судството и обвинителството се урнисани за да тече криминалот на ДУИ и СДС.