10.12.2022

Георгиевски: Општина Илинден останува транспарентна и отворена за граѓаните, каде наша цел е заедно да ја претвориме нашата општина во модерно и урбано место за живеење

Денеска продолживме со вториот викенд од акцијата „Отворен ден во твојата Општина“ каде заедно со службите и членови на Советот повторно остваривме средба со голем број на жители кои ги даваа нивните идеи и предлози за идниот буџет на Општина Илинден.

Денеска на средбите на тимот на Општина Илинден ни се приклучи и пратеникот Владо Мисајловски со кого се сретнавме со жителите и ги еведентиравме нивните идеи и предлози.

Како и досега, Општина Илинден останува транспарентна и отворена за граѓаните, каде наша цел е заедно да ја претвориме нашата општина во модерно и урбано место за живеење. #отворенденвотвојатаопштина#бидиделодпроменитештоносатиднина
Линк од ФБ статус: