02.03.2023

Во СДС одамна е изгубен компасот, па ја срамат Кузеска на прес конференции без да и кажат дека заради нив нема леб

Во СДС одамна е изгубен компасот, па ја срамат Кузеска на прес конференции без да и кажат дека заради нив нема леб.

Не се мешаме во СДС зошто вчера Каевски, а сега Кузеска ги срамат со прес конференции кои немаат допирна точка со реалноста. Леб во Македонија нема заради криминалот на власта.

Лебот е скап затоа што власта е неспособна.

И додека со потпис на Груби се отпишуваат 1.500 тони пченица од државните резерви, брашното и лебот се со плафон цени.

Додека народот плаќа скапо брашно и леб власта купува пченица за стоковните резерви кои се 20% поскапи од берзанските.

Во време на криза власта не се организираше, туку тргна да брка профит на поединци.

Народот е тој кој страда од криминалните политики на власта. Само во Македонија инфлацијата руши рекорди, реалната плата се намалува, и секој ден цените на основните намирници се се повисоки.