23.11.2024

Во буџетот за 2025 година предвидено е зголемување на средствата за модернизација на МВР, одбрана, здравство, земјоделие

Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на враќање на довербата на граѓаните во институции, на подобрување на услугите кои институциите ги даваат на граѓаните, како и на враќање на безбедноста во државата.

И за таа цел, во буџетот за следната година предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.

За зголемување на јавната безбедност предвидени се околу милијарда денари за вложување во опрема и машини, со цел модернизација и осовременување на капацитетите на МВР.

Значајни инвестиции ќе има и за модернизација на армијата, така што со буџетот за следната година за одбрана се предвидени до 4,5 милијарди денари.

Со цел модернизација, набавка на опрема и подобрување на здравствените услуги за граѓаните, како и условите за работа на медицинскиот кадар со буџетот од 2024 година предвидени се 7.5 милијарди денари. Тоа е зголемување од 25% во споредба со буџетот за здравство за годинава кој го подготви СДС и кој изнесувал 5.9 милијарди денари.

Зголемување од 5% на средствата со буџетот за 2025 година има и во земјоделие, со цел вложување во модернизација на наводнувањето и враќање на достоинството на земјоделецот.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра.

Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе.