19.02.2024

ВМРО-ДПМНЕ со два софтверски проекти ќе ја намали корупцијата во урбанизмот

ВМРО-ДПМНЕ со два софтверски проекти, е-урбанизам и бим софтвер ќе се бори против корупцијата во урбанизмот.

Првиот, е-урбанизам или е-простор значи намалување на постапките и времето што се чека од надлежни институции за одговор. Сега за еден проект потребно е мислење од институции како МЕПСО, ЕВН, комунални претпријатија, министерства  други институции како Завод за културно и историско наследство. Планот на ВМРО-ДПМНЕ е ова да се дигитализира или лицето кое го подготвува урбанистичкиот план информациите наместо со трчање по институции да ги добие со софтверска алатка. Со ова ќе се намали влијанието на човечкиот фактор, а ќе се забрза самиот процес за добивање информации и документи. Тоа ќе води до транспарентен процес и процес без корупција.

Вториот, бим софтвер или бим алатка, би ја користеле проектантите и институциите кои во процес на вадење на градежна дозвола ќе можат да го вметнат самиот проект, а алатката да ми даде одговор на тоа дали проектот одговара урбанистичките основи. И со ова идејата е да се забрза процесот на давање на градежна дозвола. Или вака ќе се зголеми транспарентноста и ќе се намали корупцијата.

Овие алатки ќе водат до поголема транспарентност, побрз процес на издавање на документи и што е најважно со ова ќе се сузбива корупцијата во општеството која е еден од најголемите проблеми на граѓаните.

Овие алатки се и начин да се врати изгубената доверба во институциите во овој период на владеење на СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ работи отчетно и чесно и сака да ја врати довербата на граѓаните кон институциите.