ВМРО ДПМНЕ најжестоко го осудува физичкиот напад од страна на раководителот на односи со јавност на Данела Арсовска врз новинар додека известувал за состојбите на градот.
Очекуваме оградување и јавно извинување на Арсовска, во спротивно ќе сметаме дека зад таквиот физички атак и попречување на работа на новинарите седи лично Арсовска под чија нарачка се врши линч на новинари. Наместо да се занимава со градот Арсовска нарачува и тепа новинари.
Ова е срам и брука за градоначалничката која добива срдечна, логистичка и политичка поддршка од Левица, Гром, СДСМ и ДУИ.
Бараме и другите партии да се оградат и да побараат јавно извинување на Арсовска поради атакот врз новинарите.