Димитар Ковачевски денес повторно покажа невидено ниво на примитивизам, навредата кон пратеникот Миле Лефков е доказ дека Ковачевски губи контрола, зошто мнозинството не му се зголемува, туку намалува.
Ковачевски правеше реконструкција, за да зголеми мнозинство, а му избегаа Алтернатива и Демократски сојуз.
Ковачевски е нервозен и навредува.
ВМРО-ДПМНЕ објави војна на корупцијата и криминалот и затоа се уплашени и Ковачевски и Груби.
И Ковачевски и Груби знаат дека доаѓа време за одговорност за сиот криминал, но и дека по изборите нема да бидат на функции, за да може да го злоупотребуваат.