22.08.2022

ВМРО-ДПМНЕ двојно ја победи СДСМ во Тетово, Ковачевски може да победува само со имагинарен противник

ВМРО-ДПМНЕ целосно ја делегитимира СДСМ и Димитар Ковачевски на изборите.
Убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово наспроти поразот на СДСМ покажува дека власта нема повеќе кредибилитет да продолжи да раководи со институциите.
Народот е незадоволен, разочаран и револтиран и се чувствуваат излажани и измамени од власта.
Победата на ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА над СДСМ и ДУИ само потврдува дека народот е против оваа криминалната коалиција.
Апсурдно е што СДСМ и Ковачевски поразот го прославуваат како победа, кога резултатот на изборите покажа дека народот е опозициски расположен.
Прославувањето на победа на Ковачевски и СДСМ во Центар Жупа кој притоа беше единствен кандидат и тоа од Демократската партија на Турците во најмала рака е смешно, бидејќи според изјавата на Ковачевси СДСМ таму се борела со имагинарен противник. 
Ова покажува дека Ковачевски може да победува само со замислени противници. И затоа треба да си поднесе оставка.
ВМРО-ДПМНЕ има најголем број на градоначалници и советници во советите на општините.
ВМРО-ДПМНЕ двојно ја победи СДСМ во Тетово и докажа дека е фаворит меѓу граѓаните, токму затоа СДСМ бега од предвремени парламентарни избори.
На Македонија и се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро и луѓе кои ќе внесат нова надеж, енергија и сила кои што ќе создаваат нова иднина.