Го осудуваме говорот на омраза кој во континуитет се случува од едни исти центри кои не се критички спрема власта, а сериозно подгреваат омраза и нетрпеливост кон медиумските работници.
Медиумите како Канал 5 и сите останати професионални медиуми имаат право да работат слободно и непречено. А било која власт сега и во иднина треба да престане да им поклонува доверба на парамедиуми кои внесуваат омраза и нетрпеливост.
Новинарите секогаш ќе ја имаат поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за професионално запазување на стандардите и независност во работата.