Уставни измени под вакви услови како што сака власта на Ковачевски на сила да ги турка, нема да има. Јасно е дека во парламентот нема 80 пратеници кои ќе гласаат измени на Устав под бугарски диктат.Затоа и нервозата кај Ковачевски и СДС станува толку голема, особено после лидерската средба. На виделина излезе дека тие не се заинтересирани да се заштитат националните и државните интереси, туку ги интересира само слепо спроведување на бугарскиот диктат. Затоа лажат, измислуваат, манипулираат, тргуваат со што ќе им текне и што ли уште не. ВМРО-ДПМНЕ им даде два конкретни предлози, за кои тие се немаат произнесено со конкретен одговор. Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и имаат за цел да ја извадат државата од евроинтегративниот ќорсокак и да го заштитат вековниот македонски идентитет.Македонија и граѓаните заслужиле за сите жртви кои ги дале сиве овие години, да ги водат пристапните преговори под критериумите кои важеле за сите други земји. Молкот на СДС и Ковачевски покажува дека не сакаат фер шанса за својот народ и не сакаат да ги заштитат националните и државните интереси.Доколку СДС ги одбие предлозите на ВМРО-ДПМНЕ тогаш постои сериозен сомнеж дека се подготвени во процесот на преговори да прават нови национални предавства, нови отстапки кон барањата на Бугарија и да го срозат македонскиот идентитет во целост. Ковачевски и СДС со својот молк покажаа дека не можат да носат одлуки сами, туку се во целосно заложништво на ДУИ.