27.07.2023

Власта на СДС и ДУИ докажа дека не ја почитува медиумската слобода, поддршка за предупредувачкиот протест на МИА

Го поддржуваме предупредувачкиот протест на македонската информативна агенција која денес својот револт кон владата го изрази на овој начин.

Овој чин се случува за прв пат после 25 години и го покажува начинот на кој Владата ги третира медиумските работници. Власта на СДС и ДУИ во континуитет ги лаже сите граѓани и купува специјален мир со секакви ветувања кои на крајот не се реализираат. Иако ветуваа дека покачувањето на платите на вработените во МИА е предвидено во финансискиот план за 2023 година, повторно ова остана уште едно празно ветување на власта.

Како политичка партија која ги почитува и вреднува медиумските работници и се залага за подобрување на нивните економски состојби кои ќе резултираат со достоинствена, професионална и слободна средина за работа секогаш ќе се залагаме за задоволување на барањата на медиумските работници.

Власта на СДС и ДУИ уште еднаш докажа дека не ја почитуваат медиумската слобода, потполната независност и овозможување на раст на платите во новинарството.