Власта лаже дека нема да се почувствува енергетската криза, зошто тогаш поскапе парното?!
Пред само два дена РКЕ, како резултат на неспособноста на владата да обезбеди евтин енергенс ја зголеми цената на парното за 15%.
Заради неспособноста и криминогеноста на владата домаќинствата со двособен стан ќе плаќаат 70 евра годишно повеќе, а тие со трособен или поголем дом и до 120 евра повеќе за една година само за парно.
И ова е само почеток, зголемување се очекува и од наредната година.
Сето ова можеше да не биде вака, доколку владата обезбедеше поевтин енергенс како што тоа го сторија другите држави од Европа.
И не е само покачената цена на парното. Народот веќе плаќа 18% поскапа струја, а од есен граѓаните кои се греат на струја ќе имаат и до 138% поскапи сметки.
Владата не може да каже дека проблемот со енергенсите е светски проблем. Ако ЕЛЕМ произведуваше струја како пред 6 години сега на годишно ниво ќе се заштедеа и до 250 милиони евра. Тоа што се плаќа скап увоз е затоа што не се произведува доволно. Исто е и со гасот, Македонија плаќа поскап гас и од Србија, и од Унгарија и од Австрија и од Германија, и од голем број други европски држави.
Владата е виновна затоа што народот плаќа скапи енергенси во форма на услуги за парно и струја.