Додека МВР на Оливер Спасовски се фали со нешто што никој не го гледа и чувствува, во сред Скопје, на само 300 метри од центарот на главниот град се случува филмско убиство, пасоши се делат на светски криминални босови, криминалот цвета.
Сето ова и се случува заради тоа што првите луѓе во државата и институциите шеруваат и се ортаци со кримилците и наркобосовите во Македонија, наместо да ги гонат.
Уште еден во низата на криминалци под заштита на власта е Самед Мисини од Ласкарци. Поточно ова лице е близок пријател на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и за тоа е целосно заштитено од кривичните дела кои изминатиов период ги има извршено.
Мисини сред бел ден, во населено место пика со огнено оружје и за ова постои видео на кое јасно се гледа кривичното дело за кое МВР на Оливер Спасовски досега нема превземено никакви дејствија.
Тој се поврзува и со други кривични дела, како што се насилство на избори за бркање на гласачи и набљудувачи, како и за физички напад на бизнисмен. Овој инцидент се има случено токму во кабинетот на поранешниот градоначалникна град Скопје, Петре Шилегов.
Неместо Мисини да биде во затвор тој е чест гостин во кабинетот на директорот на БЈБ, Тасевски.
За сите овие дела на Самед Мисини нема покренато никаква постапка и тоа само заради блискоста со Сашо Тасевски, човекот кој е најодговорен за јавната безбедност во Македонија.
Целосен молк од страна на МВР, Спасовски и Тасевски на прашањата кои беа поставени за ова лице и неговите кривични дела.
Се додека СДС и ДУИ се на чело на државата, Македонија ќе тоне во криминал и корупција. За тоа се потребни избори за што побрзо овие криминалци заминат во историјата.