Власта ги полни институциите со партиски кадри како да нема утре. Огласот за 500 ново вработени во ЕСМ е само еден дел од бранот полнење на администрацијата пред избори.
Зошто ако имало потреба за нови дури 500 вработувања во ЕСМ тоа не било направено пред година дена? Како наеднаш се појавила потреба за дури 500 вработувања?
Очигледна е намерата на власта со овие 500 вработувања да се обиде да ги манипулира лицата кои ќе ги вработи во изборни цели.
И не е само ЕСМ, нови 41 вработување има и во ФЗОМ.
ВМРО-ДПМНЕ предложи доколку овој или било кој оглас е итен и неопходен, тој да се спроведе од институциите по изборите. Секое полнење на администрација пред избори не може да се свати поинаку освен како изборен поткуп.